Анкетата на ИРИ удри по СДСМ: Потпретседателот на партијата си заминува од Бихаќка?

После објавувањето на анкетата на ИРИ, во која ВМРО-ДПМНЕ бележи повеќе од двојна предност пред СДСМ, започна раслојувањето во СДСМ. Потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов во својата денешна колумна за Утрински весник јасно го кажа својот став за политиката на СДСМ и за анкетата на ИРИ, што е целосно спротивен од тој на Зоран Заев.

vanco500

 

Во својата колумна Ванчо Узунов напиша- “Од друга страна, ги имаме и резултатите од анкетата на ИРИ. Во отсуство на други такви анализи, ги прифаќам и добро ќе размислам за тоа дали има било каква смисла мојот натамошен ангажман во политика“.

uzunov

Ова  е целосно спротивно на ставот на претседателот на СДСМ Зоран Заев кој пред некој ден изјави “во хибриден режим, којшто опстојува нашето општество, автократско владеење од страна на Груевски, какво што го дебатираме, разговараме, и ние и сите меѓународни институции, ниту една анкета не е релевантна. Никој не може да верува во такви анкети“.

zaev

Имено Узунов не само што ги признава резултатите на ИРИ како релевентен показател на јавното мислење, туку и најави дека и ќе се дистанцира од политиката. Ова според многумина може да се протолкува дека Узунов како потпретстедател на СДСМ се противи на политиката која ја води Зоран Заев и Радмила Шекеринска и го напушта раководството на партијата поради нивните погрешни потези и одлуки, анализира Курир.

Според порталот, очигледно дека во СДСМ се повеќе се манифестира незадоволство од деструктивната политика која ја води двоецот Шекеринска и Заев. Во отсуство на економска понуда и програма, СДСМ се занимава само со негативна кампања, која според резултатите на ИРИ не поминува кај граѓаните и после 6 месеци објавување т.н. “бомби“.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега