ССК: Случувањата во Грција засега не влијаат врз платниот промет на домашните компании

Случувањата во Грција засега немаат големо влијание врз платниот промет на македонските компании, сметаат компаниите членки на Сојузот на стопанските комори (ССК). Но, тоа не значи, велат, дека и во наредниот период ќе биде така, пренесува МИА.

- Нормално е сите држави со кои граничиме да имаат одредено влијание, но бидејќи кризата во Грција не е прелеана кај нас, се уште не ги чувствуваме ефектите и проблемите кои тие ги имаат, изјави претседателката на ССК Данела Арсовска по денешната деловна средба со унгарската делегација предводена од државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Унгарија Левент Маѓар.

Според неа, стопанството може да се надева дека економската ситуација ќе биде подобра и оти нема да има влошување, потенцира Арсовска.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега