„Тргнете се или се ќе запалиме" - инцидент во прифатниот центар за странци

Во Прифатниот центар за странци, во павиљонот каде се сместени мигрантите синоќа во 20:30 часот е регистрирано нарушување на јавниот ред. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи, група од осум лица странски државјани се затвориле во една од собите, поставиле на вратата ормари и кревети за да не може да се влезе и почнале да извикуваат слогани и се заканувале дека ќе ја запалат собата.

Преземени се веднаш мерки, известена е БППЗ, упатени се патрола од АЛФА-тим, патрола од ПС „Бутел“ и единицата ЕЈРМИ. По еден час состојбата е нормализирана и се работи на расчистување на настанот. 

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа