Нов оглас: МВР ќе вработи уште 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи распишува јавен оглас за прием на 600 полицајци.

Како што се наведува во огласот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе бидат вработени 435.

По 20 извршители се потребни за полициските станици од општа надлежност во Битола, Охрид, Велес и Куманово, додека 25 во полициската станица во Гевгелија.

Во полициските станици во Струга и Дебар ќе бидат вработени 15 полицајци, 10 во Струмица и по пет извршители во полициските станици во Ресен, Тетово, Гостивар и Штип.

Избраните кандидати, соопштува денес МВР, ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.

По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега