Одредена мерка притвор за возачот кој ја усмрти новинарката кај „Зебра“

На возачот, кој ја прегази новинарката Сузана Тодоровска Павловкса  од МРТ кај „Зебра“, одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Јавниот обвинител откако го сослушал обвинетиот предложил мерка притвор во траење од 30 дена, а истата била прифатена од судија по претходна постапка.

Несреќата се случи на 7 јули, кога на улица Васил Ѓоргов во близина на ТЦ „Зебра“, автомобил „Опел корса“ со голема брзина налетал на неа, по што продолжил и се забил во еден од излозите на околните згради.

За потсетување 37-годишниот скопјанец кој ја прегази новинарката, бил под дејство на алкохол и дрога.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа