Се огласи сопругот на новинарката прегазена кај „Зебра"

По веста која ја потресе Македонија за смртта на новинарката Сузана Тодоровска Павловска која беше прегазена од автомобил кај Трговскиот Центар „Зебра" во Скопје, додека си се движела на тротоар, се огласи и нејзиниот сопруг, Зоран Павловски, кој е скршен од болка.

Зоран кој инаку е музичар, се заблагодари за сочуството и разбирањето и пораба секој кој има информации за добар адвокат во земјава да му помогне, за приватно да го тужи монструмот кој му ја уби сопругата. Неговата молба која осамна на социјалната мрежа Фејсбук веќе ја споделија огромен број луѓе кои сочуствуваат со него за огромната трагедија.

За потсетување, новинарката беше прегазена кај Трговскиот Зебра од 37-годишен возач кој под дејство на алкохол и дрога со голема брзина управувал со своето возило и удрил директно во Сузана.

Инаку, Јавното Обвинителство на возачот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Повеќе за тоа прочитајте ТУКА.

 

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега