Музика, пиво и скара - „Пиво фест 2015“ вистински спектакл

Прилеп е подготвен за одржувањето на 13-от фестивал „Пиво фест 2015“ што ќе се одржи од 16 до 19 јули, соопштија денеска на прес-конференција организаторите – локалната самоуправа и невладината „Центар за граѓански иницијативи“.
 
- И годинава се очекуваат голем број гости од земјава и од Балканот. Се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери.  Економскиот бенефит на градот и регионот е голем, ќе има максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените четири дена ќе бидат гости во Прилеп. На гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, рече Ристески и додаде дека Пивофест не е само обичен фестивал, туку голема туристичка атрација на градот и на Република Македонија. На Пивофест има три во едно, а тоа се преку 40 видови пиво, квалитетната скара и добра забава во текот на сите четирите фестивалски денови.
 
Од здружението на граѓани ЦГИ – Прилеп посочија дека на 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.
 
Како и минатата година така и оваа, сите кои сакаат да присуствуваат на „Пивофест 2015“ во Прилеп ќе можат да дојдат бесплатно со возовите на Македонски Железници. 
 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега