Започна реконструкција на уште една улица во Волково

Започна реконструкција на улицата „70" во Волково. Градежните работи ги изведуваат екипи од ЈП Улици и патишта-Скопје.

Проектот чини 4 милиони денари а истиот ќе биде реализиран до крајот на јули. Должината на улицата изнесува 800 метри, а со реконструкцијата истата ќе биде проширена на 4 метри.

Досегашната состојба на улицата, која е направена во далечните 70-ти години ни од далеку не ги задововлуваше потребите на граѓаните и затоа тие често реагираа во општината со барање за нејзина реконструкција, информираат од општината.

Истата се наоѓа покрај железничката линија и затоа подготовките за почетокот во реализација на проектот траеа подолго време со што се запазени сите законски нормативи. Средствата, во висина од 4 милиони денари, се обезбедени од буџетот на општината.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега