Крадците прават парче - во една ноќ ограбени три стана во скопско Ново Лисиче

Додека сите  одмараат крадците напорно работат. Во една ноќ ограбени се три стана во скопската населба Ново Лисиче. Станува збор за станови коисе наоѓаат на приземје и заедничко за сите е што сопствениците во моментот на грабежот биле на годишен одмор. Крадците краделе се што мже да се продаде. Сопствениците останале без злато, пари и други вредни предмети. Граѓаните на оваа скопска населба се жалат дека во последно време зачестиле кражбите и по паркинзите. редовно се крадат велосипеди и мотори, а се обиваат и автомобили. Полицијата е запознаена со овој случај и забележано е дека ги има засилено патролите. Полициските автомобили во текот на цела ноќ патролираат по улиците низ наслебата, но крадците сепак наоѓаат погоден момент. 

 

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега