ФОТО: Две момчиња повредени во сообраќајка на Водно

Две момчиња на возраст од околу 20 години се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска на падините на Водно. Автомобило марка  „Застава“ се превртел повеќепати во близина на поранешниот хотел „Панорама“. Момчињата се префрлени во Ургентниот центар, но не се во животна опасност.

До несреќата дошло кога автомобилот од засега неразјаснети причини удрил во една од бандерите крај патот, по што се превртел повеќепати.

 

На местото на несреќата беа присутни познаници на момчињата кои раскажаа дека на момчето кое го управувало возилото му било прво возење откако ја земало возачката дозвола.

Повеќе фотографии на Телеграф.мк

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 22:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега