Здивнете викендов - пеколот допрва доаѓа

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност во планинските региони. Ќе дува умерен северозападен ветер кој во попладневните часови ќе стивнува, пренесе МИА.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 28 до 34 степени. 

Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаба облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, со слаб до умерен северен ветер. Преодно наоблачување ќе има во понеделник кон вторник.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега