Иванов на комеморација во Сребреница

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во посета на Босна и Херцеговина, каде ќе присуствува на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница

Според програмата, како што најавија од Кабинетот на Иванов, македонскиот претседател ќе присуствува на главната комеморација во меморијалниот центар во Поточари, каде што ќе се обратат претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и градоначалник на Сребреница Ќамил Дураковиќ, како и други официјални претставници. Ќе биде претставенa и изложбата „Сребреница – Поточари 1995 – 2015“.

На комеморацијата во Сребреница, најавено е присуство на голем број делегации и политички претставници од регионот и од светот.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега