Екстрадиран Кољо Дијамнатот

МВР во текот на вчерашниот ден ја реализираше екстрадицијата на 43-годишниот Никола Константидис од Ресен кој се бараше со меѓународна потерница распишана преку Бирото на Интерпол Скопје, поради негово бегство од  издржување казна затвор  во КПУ „Идиризово“, информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски на граничниот премин  „Табановце“.
 
Претходно, додаде тој биле известени дека лицето по меѓународна потерница  било приведено  во Албанија, по што со албанската полиција, односно со  Интерпол Тирана биле договорени сите детали од екстрадицијата и во текот на вчерашниот ден на граничниот премин „Ќафасан“ околу 14:00 часот Константинидис бил преземен од македонската  полиција и спорведен во КПУ „Идиризово“ за доиздржување на казаната.
 
Како што информираше Котевски, Константинидис е осуден на повеќегодишна казна  затвор поради сторено кривично дело повразно со педофилија, полов напад на дете.
 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега