Повреден работник во рудникот „Саса“

Работник во јама во рудникот „Саса“, вчера попладнето скршил ребро.

Германецот  Ш.Ш. се повредил во јамата, додека во рудникот „Саса“ вршел работи на фирмата подизведувач „Thyssen schatbau“ од Германија.

Медицинската екипа од Македонска Каменица брзо интервенирала, па повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани повреди на градниот кош, односно му било скршено ребро.

Со случајот е запознаен главниот рударски инспектор на Р.Македонија, кој кажал дека увид на лице место нема да биде извршен, бидејќи најверојатно се работи за несреќен случај.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега