Ги врзале децата во собата и пребарувале по куќата - филмско разбојништво во скопски Чаир

Вчера  околу 13,30 часот во Скопје на ул.„Дижонска“, во куќата на сопственост на А.И., 4-5 непознати  маскирани лица извршиле разбојништво во обид над малолетните деца Б.И.(11), Р.И.13) и Н.И.(16). Имено, додека сопственикот бил отсутен од куќата, лицата влегле во куќата, две од децата ги врзале во дневната соба, а едното дете се заклучило во бањата. Истите извршиле пребарување по собите, а откако не пронашле пари, ги уклучиле ринглите од електричниот шпорет и ја напуштиле куќата. Откако заминале, детето кое се заклучило во бањата излегло и ги одврзало двете деца во дневната соба. Полицијата извршила увид на местото, се превземаат мерки за откирвање на сторителите 

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега