Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со бесплатни здравствени прегледи и совети за заштита од топлотен удар

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба акција од ваков тип одржува во текот на целата година, односно на секои три месеци во различно населено место.

-Денес акцијата се оддржува тука во населбата Ченто каде што поради високите температури покрај здравствените прегледи на присутните жители на Општина Гази Баба им поделивме шишенца со ладна вода и едукативен флаер со совети за заштита од топлотен удар – изјави Жаклина Пешевска, потпретседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба.

Здравствените лица, членки на Унијата на жени информираа дека за нив е задоволство да бидат дел од ваков тип на настани со кои работат за доброто на граѓаните.

1umsvmro

-Од изутрина до сега прегледавме над 150 лица. Им беше извршено мерење на крвниот притисок и шеќер во крвта. Им доделивме едукативен флаер со совети за заштита од топлотен удар кои ние како здравствени работници го изготвивме. На лицата на кои им се забележи повисок притисок им беше даден совет за регулирање на истиот а на оние на кои им беше забележан шеќер во крвта им беше советувано да се обратат кај матичниот лекар – изјави доктор Снежана Милковска, секретар на Унијата на жени на      ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Гази Баба.

Жителите од Општина Гази Баба задоволни за ваквите акции на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дадоа масовна поддршка и за нивно понатамошно продолжување. 

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега