ФОТО: Чавков им делеше флаери на туристите кои ја преминаа границата во рамки „Летна кампања 2015 година“

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски денеска поделија  едукативни флаери на англиски јазик на туристите кои го преминаа граничниот премин „Табановце“, во рамки на превентивната сообраќајно-едукативна акција, „Летна кампања 2015 година“.

mail.jpg-500

Чавков нагласи дека кампањата е еден од сегментите кои МВР ги спроведува за безбедност во сообраќајот.

mail-2.jpg-500

- Ја имаме предвид динамиката и фреквенцијата во летната сезона и временските прилики од една страна, а од друга страна и  состојбите со нашите патиштата, особено на коридорите 8 и 10 кои значително се повеќе оптеретени со фреквенција, изјави министерот Чавков.

Тој смета дека кампањата ќе придонесе за обезбедување посоодветни безбедносни состојби во сообраќајот на патиштата, а веќе, додаде, се бележи намалување на сообраќајни незгоди.

mail-3.jpg-500

- Само за илустрација, во првата половина од 2015 имаме значително намалување на сообраќајните несреќи со смртни последици.Мислам дека годинава имаме 60 случаеви со смртни последици за разлика од преходната кога имавме 71 случај, рече Чавков.

Тој најави дека МВР со интензивни мерки и активности ќе продолжит да спроведува превентивни кампањи, но ќе се преиспитаат и ефективноста во постапувањето на сообраќајната полиција во идентификување и санкционирање на оние прекшоци за кои, подвлече, се клучни причинители за тешките последици во сообраќајните незгоди.

flaer500

Претседателот на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стаменковски, потенцира дека целта на кампањата меѓу другото е и е зголемување на безбедноста во сообраќајот на странските туристи кои тразнизитираат низ Македонија и подигнување  на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.Апелираше до македонските и странските туристи да ги почитуваат правилата, прописите и одоговрно да се однесуваат во сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега