ТРАГЕДИЈА: Загина жена во тешка сообраќајка кај Демир Капија

Една жена загина, а четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 6 часот се случила на автопатот Скопје-Гевгелијa.

Кај клучката Демир Капија, „Цитроен Берлинго“ со српски регистерки ознаки изгубил контрола и излетал од коловозот. Жената, чиј идентитет не е познат, починала на лице место, а четворицата повредени се пренесени со возила на Итната медицинска помош во медицинскиот центар во Неготино.

Полицијата на местото на несреќата врши увид.

 

 

Оцени ја веста

12.07.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега