Од вечерва не ја пропуштајте богатата програма на Охридско лето

Вечер започунова 55 јубилејно Охридско лето со изведбата на „Кармина Бурана“ од Карл Орф, на ансамблот „Ла фура делс Баус“ од Шпанија на сцената на Античкиот театар во Охрид.

Изведбата на „Кармина Бурана“ ќе биде во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, а продуцентката на ансамблот Марта Кол рече:

„Сите кои ја знаат „Ла Фура делс Баус“ знаат дека тие користат и други материјали како што се вода, воздух, оквири. Сите овие елементи ќе ги видите во шоуто утревечер. Користиме и парфеми, што значи дека ќе ги вклучиме сите чувства. Се надеваме дека Охрид ќе ужива во нашиот перформанс исто како што и ние уживаме во подготовките, посебно на едно вакво убаво место опкружено со езеро и на прекрасен фестивал“

Селекторот на драмскиот дел од програмата на Охридско лето Ѓорѓи Јолевски вети дека секоја претстава на 55. фестивалско издание ќе биде изненадување, екстракт на љубов и убавина и дека програмата изобилува со многу новитети.

Присутните на приемот ги поздрави и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, кој оцени дека се е подготвено за едно големо доживување и ги повикува сите вљубеници во театарот и музиката, да дојдат во Охрид и да уживаат во спектаклот што ќе го приреди „ла Фура делс Баус“ од Шпанија.

На свеченото отворање на 55. Јубилејно издание на Охридско лето вечер ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој претходно во Вилата „Билјана“ ќе ги прими организаторите на фестивалот и членовите на ансамблот „Ла фура делс Баус“ од Шпанија.

 

 

Оцени ја веста

12.07.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега