Пекол во Македонија - еве до колку ќе оди живата на термометарот

Времето во Македонија ќе биде сончево. Ќе дува со слаб, а долж Поварадарието и во источните делови умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 28 до 35 степени. 

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во понеделник попладне и ноќта кон вторник ќе има преодно наоблачување при што во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд. Дневната температура во понеделник ќе биде релативно висока, односно ќе е движи од 30 до 36 степени, но поради облачноста и ветерот кој се очекува да биде изразен во вторник се очекува температурата да опадне за два до три степени и ќе се движи од 27 до 34 степени.

Од средба времето повторно ќе биде стабилно, суво и топло. 

 

 

 

Оцени ја веста

12.07.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега