Издадени се над илјада потврди за барање азил

Издадени се 1706 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил во Република Македонија, во изминативе три дена, соопштија од Министерството за внатешни работи.

Потврдите се издадени на странски државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во период од речиси еден месец издадени се вкупно 12.175 потврди за странски државјани, а според државјанството на лицата, најбројни се државјаните на Сирија-8.592, потоа Авганистан-1.043, Ирак-657, Пакистан-453, Сомалија- 349, Палестина-325, Конго-243, додека останатите се во помал број.

Од вкупните 12.175 потврди, 9.265 се издадени на лица од машки пол, 1.549 на лица од женски, 1.271 се издадени на деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 90 деца кои патуваат без родител.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 13.07.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 32 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.

Во соопштението се наведува дека, во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13.07.2015 година се евидентирани вкупно 25 баратели на азил, од кои 16 баратели на азил се мажи, 2 баратели на азил се жени и 7 баратели на азил се малолетни лица. Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се 2 баратели на азил со повреди на долните екстремитети ( двајца мажи ),  додека пак бремени барателки на азил како и малолетни лица без придружба на старател не се регистрирани во ЈУ Прифатниот центар.

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега