Три семејства завиени во црно: Загинаа три дечиња

Голема трагедија ја потресе Србија Викендов кога три дечиња се удавија спасувајќи се едно со друго. Се работи за 14-годишната Кристина Поповиќ, 12-годишниот Ласла Миленковиќ и 13-годишната Даниела Ивановиќ. 

- Гледав како ми се дават другарчињата пред моите очи. Вриштев, молев за помош, но ги снема пред моите очи. Знам дека не сум виновма, пробав да направам се што можам, но не успеав да помогнам, вели 12-годишната Сашка Савиќ пред чии очи починале другарчињата.

Тие си играле заедно на улица кога им дошла идејата да одат на плажа и да се разладат. Сашка им велела да останат, но тие не сакале. Кога влегла во реката, Кристина почнала да се дави. Дечињата скокнале по неа за да ја спасат, но и нив ги повлекла водата.

Иако девојчето молело за помош, никој немало во близина да помогне. 

Навистина жално. Три семејства сега се завиени во црно.

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега