Жена ограбена на Зеленото Пазарче во Скопје

Отсекот за дрски и разбојнички кражби поднесе кривична пријава против 30-годишниот З.Г. од Скопје осомничен дека сторил шест кривични дела тешка кражба на особено дрзок начин. Според податоците од полицијата, крадецот во периодот од април до јули годинава, сторил шест тешки кражби на дрзок начин со што  се стекнал со вкупна  материјална  корист од околу 152.000 денари, за што си заработи притвор во траење од осум дена.

З.Г. делата ги извршувал најчесто врз женски лица на возраст од 40 до 64 години при што на особено дрзок начин користејќи го невниманието со употреба на физичка сила од оштетените одземал златен накит.  Во пет од случаите пријавениот на автобуска постројка во централното гратско подрачје од позади грб им се доближил на оштетените и насилно со кинење од вратот успеал на оштетените да им земе златни ланци.

Во еден случај пријавениот во кругот на Зелено пазарче-Скопје додека оштетената пазарела и се движела помеѓу тезгите и се доближил од предна страна и  ненајдено насилно повторно ја грабнал за златниот ланец  кој го носела на вратот, успеал да го скине и одземе и со трчање се одалечил.

По преземени интензивни мерки и активности пријавениот е приведен во полициска станица каде од страна на оштетените во присуство на Јавен обвинител извршено е препознавање на пријавениот при што истите со потполна сигурност го посочија З.Г. како сторител на кривичните дела извршени врз нив.

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега