Никола ја испратил последната порака па загинал - детали за трагедијата

Никола Станишиќ, 21-годишното момче кое под засега неразјаснети околности го загуби животот на „Егзит", кога падна од тврдината, го остави своето семејство во солзи и лелеци од болка. Неговата сестра Саља, за српскиот Курир вели дека последен пат го видела во петокот околу 19 часот и 30 минути кога излегол од дома. 

- Го обожава Егзит, едвај чекаше да оди, беше полн со ентузијазам и среќа, вели Сања.

Инаку, Пред да излезе од дома, Никола ја бакнал Сања четири пати и и рекол „Убава моја многу те сакам". Потоа ја затворил вратата, а наместо да дојде среќен, на семејството му стигнала само веста за големата трагедија.

Сања вели дека никој од другарите со кои бил не знае како се одвоил од толпата и загинал. Сите се во голем шок. Велат дека малку испил, па алкохолот секако не можел да биде причина за смртта. 

Во телефонот на момчето била пронајдена и последната порака која ја пратил пред смртта. - Каде си се изгубив, гласела пораката, а ја испратил на свој пријател.

Полицијата го истражува случајот.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега