Новинар избоден со нож на прес-конференција

Новинарот од српското списание „Ужичка недела“ Милан Ѓокиќ беше нападнат денеска на прес-конференција во градскиот совет во Ужице. Како што јавува Танјуг, Милан бил избоден со нож по што напаѓачот се обидел да избега, но полицијата успеала да го фати и уапси.

Засега не е познат мотивот за нападот. Повредениот новинар е хоспитализиран со тешки телесни повреди.

По инцидентот се огласи и министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, кој го осуди нападот.

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега