Синдикатот на државните службеници во Грција повика на 24-часовен штрајк во среда

Синдикатот на државните службеници во Грција Адеди, повика денеска на 24-часовен штрајк во среда, кога се очекува Парламентот во Атина да ги гласа новите мерки на штедење, за кои беше постигнат договор во Брисел. Евентуален нов тригодишен заем за Грција беше обврзан со усвојувањето на тие мерки.

- Повикуваме на 24-часовен штрајк за време на гласањето на антинародниот договор и демонстрации во 19 часот по локално време на плоштадот Синтагма во Атина, се наведува во коминике на Адеди.

Тоа ќе биде првиот штрајк од доаѓањето на власт на СИРИЗА во јануари годинава.

 

 

Оцени ја веста

13.07.2015 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега