Излегол од затвор и си ја убил својата жена
50-годишниот Дамир Матан од Хрватска ноќта пред да ја убие својата сопруга Снежана, ја поминал коќта во затвор. Имено, поради расправијата меѓу сопружниците полицијата интервенирала и го притворила Дамир но тоа не го смирило.
Во понеделникот по излегувањето од затворот, се скарал со СНежана, а потоа околу 17 часот им се заканувал на сите дома.
Како што сведочи еден сосед, Дамир прво кршел, а потоа пукал и во ќерката Ивана додека со бабата бегала.
- Околу 17 часот пред нивната куќа слушнав галама, врискотници, расправија. Две три жени трчаа спрема сопружниците и викаа „Пушти ја, пушти“ - раскажувал соседот и додал дека слушнал и неколку истрели.
Дамир сакал да го убие и соседот, но за среќа пиштолот не испукал.
Полицијата пристигнала во домот на Дамир, тој се заклучил во својата куќа и се обидел да се самоубие.
Дамир со Итна помош е пренесен во болница каде лекарите се уште се брат за неговиот живот.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа