Вуцис: Грчкиот Парламент ќе ги усвои потребните закони

 

Грчкиот Парламент ќе ги усвои законите неопходни за спроведување на новиот европски финансиски пакет за спас на Грција и покрај тоа што одредени пратеници од владејачката партија имаат спротивно мислење, изјави денеска грчкиот министер за внатрешни работи Никос Вуцис. 

- Ќе бидат донесени одлуки со кои работите ќе се вратат во нормала, изјави Вуцис. 

Четири законски предлози, со кои ќе бидат регулирани пензиски и даночни реформи, мораат да бида усвоени до утре до полноќ во грчкиот Парламент.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега