Уште една страшна сообраќајка: Кумановчанка го загуби животот

Околу 7 часот на крстосница од улиците „Страшко Арсовски“ и „4-ти Јули“, вчера наутро, се случила сообраќајна незгода во која возило марка „Цитроен Џампер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишниот М.А. од Штип, удрило во 78-годишната Горица С. од Куманово, која се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена на Ургентниот Центар во Скопје. За жал, и покрај напорите на лекарите, старицата во 15 часот и 30 минути им подлегнала на повредите. 

Инаку, во текот на вчерашниот ден во уште една кобна несреќа со трактор и кавадарчанец го загуби животот.

 

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа