Граѓаните во паника: Деца си играле покрај змиско легло каде имало околу 300 јајца

Граѓаните од Словонско Брдо покрај реката Сава се во паника, откако пронашле змиско легло со околу 300 јајца.

„Седев пред куќата и одеднаш видов змија како ползи кон куќата. Ја избркав, а таа исчезна кон каналот. Пробав да видам каде се скрила, помрднав еден камен и се шокирав од погледот на легло со змиски јајца“ изјави Станоја Лукиќ.

Соседот на Лукиќ кој го пронашол леглото на смок, се плаши дека тоа не е единствено, бидејќи овие змии можат да пораснат и до два метри.

„Овде се нашите деца кои играат околу куќата. Што ако змија ги нападне или касне?“, со страв вели неговата мајка Мира.

Граѓаните пријавиле, па на лице место веќе интервенираат ловци на змии.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега