Владата го исполнува ветеното: Исплатени 14 милиони денари отштета за поплавите во Босилово

 

Владата продолжи со надоместување на штетите од поплавите кои се случија во јануари и февруари годинава. Денеска на 250 земјоделци од Босилово им се исплатени 14 милиони денари отштета.

Досега пари за отштета од поплавите им се исплатени на домаќинствата и земјоделците од Могила, Новаци и Демир Хисар.

Владата донесе мерка за стопроцентно обесштетување на земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и февруари годинава. Исто така, преземени се и мерки за обнова на оштетената инфраструктура, патиштата, водоводните системи, малите брани итн.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега