Хан и тројката европратеници на средби со партиските лидери

Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан претпладнето во ЕУ Инфо центарот се сретна со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Хан и тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, попладнево во резиденцијата на ЕУ во Пржино имаат средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е придружуван од Радима Шекеринска и Рената Трнеска Дескоска.

Се очекува Хан и европратениците да се сретнат и со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Според најавата од Европската комисија, по поединечните средби со лидерите на четирите најголеми политички партии, треба да се одржи и заедничка лидерска средба.

За доцна попладне е најавена прес-конференција на која еврокомесарот Хан ќе ги соопшти резултатите од разговорите со партските лидери за надминување на политичката криза.

Основа за постигнување конечен договор, како што велат од ЕК, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега