Повеќе од половина од Македонците имаат позитивно мислење за Груевски - од Заев незадоволни над 60%

Никола Груевски убедливо води во однос на позитивното мислење кое го имаат Македонците за него доколку се погледне анкетата на Американскиот републикански институт (IRI) , од апспект на етничка стратификација на испитаниците, и се земат во предвид процентите кај Македонците кои се стандардно и редовно гласачко тело на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Според овие аспекти забележливо е и дека за разлика од Груевски, за лидерот на СДСМ најголемиот дел имаат негативно мислење.

Имено 51 % од Македонците позитивно се изјасниле за работата на премиерот Груевски и ја одобруваат, додека огромни 61% од Македонците имаат негативно мислење за работата на лидерот на опозицијата Заев.

Инаку анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ која изнесува повеќе од двојно, и тоа земено кај сите граѓани и сите заедници присутни во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23% доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 11% од анкетираните.

Меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски е со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18% од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7% од народот. Али Ахмети е веднаш зад него со 6% доверба, а Менудх Тачи има доверба од 2% од граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега