Младите струмичани загрижени од неодговорното и недомаќинско работење на Заев: Каде е новата велисипедска патека која ја ветивте?

Подолго време општина Струмица е без градоначалник. Сегашниот, Зоран Заев си глуми градоначалник, а си тера други агенди. Тој сами ги троши нашите пари, а во општината на виделина нема ништо, велат младите струмичани кои го прашаа Заев каде е велосипедската патека која им ја ветил.

-Проектите кои ни ги ветуваше останаа на хартија, а каде завршија парите само тој знае. Го прашуваме Заев за еден проект кој тој ни го вети, изградба на велосипедска патека од Струмица преку Куклиш до Габрово. Каде е велосипедската патека која ни ја ветивте, зошто не излажавте? Каде завршија парите за изградба на патеката?, го прашуваат Заев младите струмичани.

Струмичани велат дека токму поради неизградбата на ветената велосипедска патека, во опасност се доведуват животите на сите млади и оние кои се приморани со велосипед да возат по регионалниот пат каде неретко се случуваат сообраќајни несреќи, пишува Курир.

Загрижени од неодговорното и недомаќинство работење на Заев, тие побараа негова неотповиклива оставка и распишување на вонредни локални избори во Струмица додавајаќи дека на граѓаните на општина Струмица им треба градоначалник кој ќе ги решава комуналните проблеми и ќе има слух за маките на струмичани.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега