Лежела во крв, минувачите спречиле трагедија - драма на автопатот Куманово-Табановце

Вистинска драма се одвивала денеска кај автопатот Куманово-Табановце. Средовечна жена се обидела да си го одземе животот околу 11 часот и 30 минути, скокајќи од Бедински мост над автопатот. За среќа, случајни минувачи ја виделе жената која лежи на автопатската лента, а се уште давала знаци на живот, па веднаш повикале Брза помош и полиција, со што и го спасиле животот.
Жената се здобила со скршеници на карлица, долен и горен екстремитет, повреди има на главата, градниот кош, пренесува МИА.
Од кумановската полиција го потврдуваат случајот и информираа дека станува збор за 54 годишната В.Ј од населбата „Бабин Дол“.
Засега не е познат мотивот поради кој кумановчанката решила да си го одземе животот.
Оцени ја веста
14.07.2015 - 14:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа