Утре во Велес вонредно прскање против комарци

Општина Велес  за  утре од 5 до 8 часот најави дека ќе се спроведе трето авионско третирање против комарци што минатиот петок беше одложено поради лошите временски услови.

Дуњамин Мехмед од службата за информирање на Општина Велес соопшти дека границата на третирањето е: Езеро „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино Село низ град Велес, се’ до вливот на река Бабуна и село Горно Караслари.  На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари. Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег.

  И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро „Младост“ со непосредната околина. 
- Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства, потенцира Мехмед. 

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега