Пробиена патека до нов водопад над „Смрдлива вода“

Членовите на планинарското друштво ,„Кожуф“ од Гевгелија со помош  на ентузијасти денеска ја пробија патеката до еден од можеби најголемите водопади во Македонија до сега апсолутно непознат за гевгеличани, пренесува МИА.

Претседателот на гевгелиските планинари Александар Костадиновски информира дека атрактивниот водопад со височина од стотина метри се наоѓа на 850 метри надморска височина над планинското одморалиште „Смрдлива вода“. 

- Она што понатаму ќе следува како наша активност ќе биде мапирањето на планинарската патека до водопадот и нејзино внесување во македонскиот регистар на планинарки патеки, изјави Костадиновски. 

Одморалиштето „Смрдлива вода“ од Гевгелија е оддалечено 24 километри. Минералната вода по која локалитетот го добил името е позната по нејзината лековитост за заболувања на стомачниот тракт, желудник и бубрези.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега