ВИДЕО: Сараево - војна на улиците - Полските навивачи се дереле „Ова е Србија!“

Навивачки инциденти се случија во понеделникот вечерта во Сараево дента пред мечот меѓу домашната екипа и полски Лех од Позњан во квалификациите од ЛШ.

Полските хулига ни се познати по своето делување и однесување ширум Европа, исто како и хулиганите на Балкнаот така ова и не е за изненадување од страна на двете групи навивачи пред овој двомеч.

Инцидентите ги предизвикаа навивачите од полскиот тим кои според информациите од тамошниот регион почнале да скандираат „ова е Србија“. Во тој момент дошло до конфликт меѓу двете групи кои набрзо потоа се смириле, но инцидентите продолжиле во ноќта во близина на населбата Вогошч каде фановите на Лех биле сместени.

На улицитево тој момент се водела војна. Поради тоа што и едните и другите користеле се што ќе им дојде при рака. Летале столици, се амвале со бакл, удирале со палки со стакло, а пресметката не престана ни кога интервенирала полицијата.

 

Епилогот на крај бил петнаесет повредени лица од кои деветмина билеполицајци и шест полски навивачи.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега