Митов: Акциите на Русија се сериозна закана по безбедноста

 Шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов изјави дека акциите на Русија претставуваат сериозна закана за безбедноста, јави ТАСС.

- Однесувањето на Русија во сегашниот момент претставува закана за нашата безбедност, изјави Митов во вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни истражувања.

Тој додаде дека санкциите кон Москва треба да останат во сила.

Митов наведе и дека сите сакаат да имаат добри односи со Русија.

- Ние сите сакаме да тргуваме, да имаме добри односи со Русите. Ги вложивме сите напори по падот на Берлинскиот ѕид за да го постигнеме тоа, посочи Митов.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега