Грозен детал од нападот на Вучиќ: Телохранителот на Али Изетбеговиќ го спроведе српскиот премиер на ЛИНЧ во Сребреница!

Човекот од протокол кој го спроведе премиерот на Србија Александар Вучиќ и српската делегација од влезот на Меморијалниот центар во Поточарим, е Ален Коминлија наречен Нане, кој своевремено работел и во обезбедувањето на Али Изетбеговиќ.

Дневниот весник „аваз“ имено открива дека токму тој е лицето кое практично го спроведе премиерот Вучиќ пред масата народ.

„Од влезот во Меморијалниот центар па цело време пред нас се движеше човек од протоколот кој нас не усмеруваше што треба да правиме. Тој беше тука кога премиерот се запозна со „мајките од Сребреница“ тој одреди Вучиќ да биде во вториот ред на комеморацијата, протоколот ни налагаше потоа да положи цвеќе на спомен плочата. Истиот протокол потоа налагаше патот по кој требаше да одиме пред масата која не гаѓаше со камења“, вели пратител на премиерот кој инсистираше да остане анонимен.

„Дневниот аваз“ открива дека станува збор за Коминлија кој судејќи според се бил вработен во Протоколот во повеќе министерства на БиХ, но кој бил и припадник на еднинцата блиска на Изетбеговиќ.

Тој и не се гледа на фотографиите на инцидентот на чело на колоната со делегацијата на Вучиќ.

Коминлија е екс припадник на единицата „Бисери“ која во текот на воените дејствија во деведесетите, го осигуруваше Претседништвото на БиХ и Али Изетбеговиќ.

Директно надреден во таа единица му бил Осман Мехмедагиќ Осмица, кое е тврдолинилско крило на СДА на чело со Изетбеговиќ.

 

Инаку Коминлија на 10 март 2000 година во зградата на Претседништвото на БиХ при чистење на оружјето го застрелал својот колега и кум Мирсад Дедиќ Брацу.

 

 

Оцени ја веста

14.07.2015 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега