Груевски вчера ја реши кризата - денеска во посета на фабриката која ќе отвори 1.000 работни места

Откако вчера ја реши политичката криза со постигнување на договор за предвремени избори на 24-ти април следната година, премиерот Никола Груевски денеска е во посета на изградбата на американската компанија „Ки Сејфти Системс“ во Кичево, која ќе вработи над 1.000 лица.

Груевски денеска  присуствува на свеченоста по повод реализација на инвестицискиот проект за изградба на фабрика на американската компанија „Ки Сејфти Системс“ во технолошко – индустриската развојна зона Кичево, локалитет село Србјани. 

Во производствениот капацитет во кој ќе се произведуваат воздушни перничиња за автомобили е најавена инвестиција од 20 милиони евра и 1.000 работни места. Key Safety Systems (KSS) е водечки глобален снабдувач на софистицирани сигурносни производи, вклучувајќи механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси за автомобилски и неавтомобилски намени, со задоволство го соопштува планот да го зголеми својот производствен капацитет во Европа, заради исполнување на континуиран раст, преку инвестиција во Македонија.

Компанијата има меѓународна мрежа од 29 продажни и производствени капацитети и 5 главни технички центри лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Премиерот Груевски при обраќањето во текот на ноќта изјави дека граѓаните треба да бидат спокојни.

-Тие ме познаваат во изминатите девет години преку работата и делата, преку одлуките и решенијата и преку испорачаното од наша страна на дадените ветувања. Јас знам дека мнозинството граѓани повторно во април ќе ни ја дадат поддршката и тоа ќе биде историска поддршка и историска победа, затоа што никогаш не ги изневеривме и затоа што знаат дека тоа е тимот кој носи напредок и успех за Македонија, кој носи нови работни места, инвестиции, поголеми пензии и плати, земјоделски субвенции, стабилност во државата и европска и евроатлантска перспектива, рече Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега