Ристовски: Огромната поддршка е плод на нашата макотрпна работа и труд

Во изминатите години ВМРО – ДПМНЕ издвојува убедливи победи на вкупно 9 последователни изборни циклуси во Република Македонија. Имаме огромна поддршка од мнозинството граѓани, која е плод на нашата макотрпна работа и труд, вложен во исполнувањето на секој ветен збор кон нив, напиша заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на својот ФБ профил.

-Имаме поддршка која, од ден во ден се зголемува, затоа што сé повеќе граѓани ја препознаваат нашата трајна одговорност за грижа кон татковината, за грижа кон сопствениот народ и веруваат во тоа што го правиме. На 24 април, ќе се случи јубилејната, 10 победа по ред...А во меѓувреме и потоа, патот до успехот ќе продолжи, затоа што имаме визија и резултати!, напиша Ристовски. 

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега