Владата продолжува со грижата: Самовработување на лицата со инвалидност

Вкупно 360 лица, од кои 120 со инвалидност кои ќе креираат сопствен  бизнис и дополнителни 240 невработени лица кои ќе се вработат во новоформираните претпријатија, ќе овозможи програмата Самовработување на лица со инвалидност.

За реализацијата на оваа програма Владата предвиде 59 милиони и 280 илјади денари, а право на учество имаат сите невработени лица со инвалидност.

Програмата денеска ја промовираа вицепремиерот задолжен за економскки прашања Владимир Пешевски, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Попоски и Алесандро Фракасети, заменик-постојан претставник на УНДП во Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега