Земјоделците од Кочани со голем интерес за купување механизација

Триесетина земјоделци од Кочанско досега пројавиле интерес за набавка на механизација од Програмата за рурален развој на огласот отворен  на почетокот на овој месец.

- Мерката позната меѓу земјоделците како „50-50“ нуди можност за набавка на механизација за стопанствата и индивидуалните земјоделски производители. До Агенцијата досега индивидуални земјоделци  имаат поднесено 13 апликации-барања за купување механизација со целокупната документација. Покрај нив  17 земјоделци чекаат да им се изготват потребните  планови и да бидат комплетирани барањата, изјави Валентин Захариев стручен соработник во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-канцеларија во Кочани, пишува МИА.

Од канцеларијата на Агенцијата во Кочани истакнуваат дека интересот кај земјоделците за оваа мерка е голем, но сепак зголем интерес кај земјоделците очекуваат идната недела кога всушност ќе намалат работите околу собирањето на пченицата во кочанскиот регион.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега