Извршени трансплантации на бубрези од две лица со мозочна смрт

 

Три трансплантации на бубрези од двајца кадавери (лица во мозочна смрт) беа извршени минатата и оваа недела на Клиниката за урологија.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека минатата недела од еден случај бил трансплантиран еден бубрег на еден пациент, а другиот бубрег не можел да се трансплантира од причина што не бил во добра состојба. 

- Оваа недела имавме уште еден кадавер од кој се пресадени два бубрега кај двајца пациенти. Станува збор за донори - жена на возраст од 40 години и маж на возраст од 60 години кои беа во мозочна смрт и со согласност со нивните семејства беа донирани нивните органи, рече Тодоров.

Додаде дека со извршените трансплантациите се овозможува продолжување на животниот век на пациентите и значително унапредување на нивниот квалитет на живот.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега