СДСМ користи општински ресурси за партиски цели

Иако токму опозициската партија е најгласна за наводна злоупотреба на власта за партиски цели, сепак денешниот пример при растурањето на кампот на СДСМ пред Владата покажува дека оваа партија користи општински ресурси за свои партиски цели.

Откако претходно СДСМ со одлука на Централниот одбор одлучи да го затвори партискиот „Камп на слободата“ поставен пред Владата по одржаниот митинг на 17-ти мај, денес можеше да се забележи дека чистењето на теренот се врши со службени возила на последните упоришта на опозицијата, општина Струмица и општина Центар. 

Партијата која речиси секојдневно лицемерно обвинува за злоупотреба на власта за партиски цели, денеска на дело покажа дека токму таа го  прави тоа користејќи ресурси од општините кои се под нејзина контрола. Покрај употребата на службените возила, се поставува и прашањето дали за партиски цели се злупотребуваат и народни пари, односно кој ги плаќа горивото, возачите и се’ друго останато.

По денешната глетка која јасно покажува како СДСМ користи општински ресурси за партиски цели, воедно неминовно се поставува и дилемата дали можеби целото функционирање на кампот во претходните два месеци било на сметка на буџетот на овие две општини, односно на терет на граѓаните.

opst

Ваквото делување на СДСМ е спротивно на препораките наведени во извештајот изготвен од експертската група на ЕК, предводена од Рајнхард Прибе, за злоупотреба на власта за партиски цели. Дополнително, лицемерието на СДСМ излегува на виделина доколку се знае дека токму СДСМ, која од една страна тврдеше дека извештајот на Прибе за оваа точка бил потврда на нивните ставови, од друга страна денеска на дело покажа дека всушност таа е партијата која за партиски цели ја злоупотребува власта преку општините со кои раководи.

Инаку, екипи на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и Град Скопје денеска извршија увид на булеварот „Илинден“, по расчистување на кампот од пред Владата, при што било утврдено дека околното зеленило е целосно уништено, како и системот за наводнување на истото. Град Скопје соопшти дека е направена штета од околу милион денари.

4500DSC 0251

-Стручните служби на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ извршија и увид на терен на состојбата на средишното зеленило на булевар „Илинден“, како и на околното зеленило, при што е констатирано дека истото е целосно уништено, како и системот за наводнување на зеленилото (систем капка по капка). Штетата на системот за наводнување на зеленилото е во износ од околу милион денари и истото ќе се реконструира во наредниот период, се вели во соопштението на Град Скопје.

По заминувањето на камперите, биле собрани  30 кубни метри комунален смет и истиот бил транспортиран до депонијата Дрисла.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега