Голем пожар беснееше кај Дивата Населба во Куманово

Кумановските пожарникари во изминатиот ден интервенирале во два случаи.
 
Во текот на вчерашниот ден, како што соопштуваат од противпожарната служба во Куманово, пожарникарите успеале да локализираат пожар на нива со пченица во кумановско Лопате на површина од седум декари. Петте пожарникари со едно возило го локализирале пожарот за еден час од 13 часот и 25 минути до 14 часот и 25 минути. Причините и материјалната штета од пожарот се уште не се познати.
 
Втората интервенција била на запалена сува трева на околу 2.000 метри квадратни на таканарешениот „Говедарски Пат„ над Диво Насеље во Куманово, каде неодамна се одвиваше хорор. На таа локација пожарот го локализирале тројца пожарникари со едно возило.
 
Причината за овој пожар исто така е непозната. 
 

 

Оцени ја веста

17.07.2015 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега