Детали: Сестрата на српскиот актер целосно изгорела - каква е неговата состојба?

Синоќа избил пожар во станот на познатиот српски актер Љубивое Тадиќ во кој за жал тој се здоби со изгореници од трет и втор степен, неговата мајка е тешко повредена и се наоѓа на Интензивното одделение, а неговата сестра го загубила животот.

Соседите велат дека било страшно. Српскиот Блиц пишува дека актерот во станот живеел неколку години со своите мајка и сестра, а пожарот кој избил во три утрината се проширил од собата на неговата 57-годишна сестра.

- Беше страшно, излегуваше чад од секаде, велат преплашените соседи кои додаваат дека телото на сестрата било целосно изгорено.

Актерот се наоѓа на одделението за пластична хирургија со страшни изгореници, а лекарите прават се за него.

Соседите велат дека биле пријатно изненадени од брзината на пожарникарите кои спречиле да се рашири пожарот и во други станови.

 

 

Оцени ја веста

17.07.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега