Паника во Грција: Горат две села - евакуиран летен камп

Најмалку две села и еден летен камп се евакуирани на грчкиот полуостров Пелопонез откако утрово изби голем шумски пожар.

- Огнот ги спали куќите во двете села. Тоа е прав пекол, бидејќи постојат стотина пламени, изјави градоначалникот на Монемвасиа, Ираклис Трикилис.

Тој посочи дека гаснењето на пожарот е отежнат од силниот ветар, како и поради планинскиот предел.

Во гаснењето на огнот учествуваат над 120 пожарникари со 50 пожарникарски возила, четири авиони и два хеликоптери.

 

 

Оцени ја веста

17.07.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега