ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Вчера се „пржевме" - денеска уште потопло

 

Времето  во Македонија сончево и топло со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец. Попладне на крајниот запад со услови за краткотрајна нестабилност. 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец. 

Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Потоа следува период на претежно стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде в недела и во првите два дена од наредната недела кога во југоисточниот дел на земјава на повеќе места се очекува температурата да достигне околу 40 степени, а УВ индексот ќе продолжи да има висока вредност 8. 

 

 

 

Оцени ја веста

18.07.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега